Платформата против говор на омраза одржа отворен едукативен настан во Прилеп

На 13.06.2016 година, Платформата против говор на омраза одржа отворен едукативен настан за говор на омраза во Прилеп.

1 прилеп

Претставници од различни организации на Платформата, одржаа кратки презентации на теми поврзани со говорот на омраза, слобода на изразување, дискриминација и дела од омраза.

2 прилеп

Воедно, говорниците зборуваа за активностите и проектите на индивидуалните организации во борбата со говор на омраза.

3 прилепНа настанот беа поканети и учествуваа млади луѓе, кои внимателно ги следеа презентациите и се вклучија во дискусијата. Настанот беше проследен со краток коктел и неформална дискусија.

You may also like...