Платформата против говор на омраза одржа отворен едукативен настан во Гостивар

На 30.06.2016 во четврток, Платформата против говор на омраза, во соработка со Советот на млади на Општина Гостивар, одржа отворен едукативен настан за говор на омраза во Гостивар.

1

 

Претставници од различни организации на Платформата, одржаа кратки презентации на теми поврзани со говорот на омраза, слобода на изразување, дискриминација и дела од омраза.

2

 

Воедно, говорниците зборуваа за активностите на индивидуалните организации во борбата со говор на омраза. На настанот беа поканети и учествуваа млади луѓе, кои откако ги проследија презентациите, активно се вклучија во дискусијата. Настанот беше проследен со неформална дискусија.

You may also like...