„Навивај без омраза“ – кампања за стопирање на насилството на спортските натпревари

Денес, на 8 февруари во просториите на ГЕМ Клуб се одржа прес-конференција, во која се презентираше иницијативата “Навивај без омраза”, иницијатива која се спроведе и истовремено се имплементираше од 10 млади активисти, новинари и студенти.

 

На прес конференцијата се презентираа неколку од многуте активности на оваа иницијатива како на пример влијанието на социјалните мрежи во спречување на говорот на омраза. Елион Јашари за време на неговиот говор кажа дека: “Говорот на омраза е највеќе е опфатен на социјалните мрежи, затоа ние целиот наш фокус го упативме кон социјалните мрежи. Преку новинарските написи кои во меѓувреме ги објавувавме на социјалните мрежи успеавме да бидеме влијателни кај домашните навивачки групи и да ги едуцираме нив како треба да го разберат говорот на омраза и кои се законските мерки и казни за насилство на спортските натпревари. Ние мислиме дека нашата досегашна работа е успешно спроведена, но говорот на омраза треба во континуитет да се третира и да се спречи, особено на интернет.”

 

“Апелираме до фудбалските клубови да организираат почести состаноци со управите на навивачките групи и Фудбалската Федерација на Македонија со цел на намалување на омразата и насилството за време на фудбалските натпревари и навивачите да се едуцираат за тоа како да се спречи можно сценарио на насилство и како треба да се справат со таква ситуација. Во презентираното видеото е прикажана изјава и на навивчката група од Скопскиот клуб КФ ШКУПИ.

Видео материјалот што го снимавме, покажува една сериозна кампања која има за цел подигнување на свеста кај навивачките групи во врска со можните последици кои можат да произлезат од насилство за време на спротските натпревар.

Исто така е важно да се наведе дека Фудбалската Федерација на Македонија е потребно да продолжи со работата заедно и со други иницијативи и разни пројекти на навладините организации со цел заедничкото влијание да донесе конкретни и евидентни резултати. Улогата на институциите како на пример Министерството за Внатрешни Работи игра голема улога и бараме да направи се што е можно за тотално имплементирање на законот за одржување на ред и мир додека трае еден фудбалски натпревар. Иако дека нашата иницијатива завршува, ние ќе продолжиме додека ја исполниме нашата цел.” – додаде координаторката на иницијативата, Адријана Селмани.

 

Кампањата против наслиството на спортските натпревари можете да ја најдете на следниот линк:

Убедени сме дека нашата докажена 5 месечна работа, почнувајќи со инсталацијата на проектот во септември 2016 и се неговото завршување во февруари 2017, ќе донесе позитивни резултати кај навивачките групи во Македонија и во сите спортови во општо.

Не треба да се заборави дека главните карактеристки на една европска или западна ориентирана држава и општество се постигнува со почит кон другиот навивач на демократски начин не земајќи ја во предвид етничката или верската припадност бидејќи сите сме различни, а тоа не прави да сме свои.

 

Вреди да се напомене дека овој проект е финансиран од Амбасадата на САД во Албанија во соработка со Институт за Демократија и Медитација ИДМ во Тирана.

You may also like...