Црна книга: Архива на бесрамноста и насилството

048-Crna-kniga„Црна книга“ е документ за случувањата на јавната сцена во 2009 година. Таа година беше маркирана од два насилни инцидента во чијашто суштина бил обидет со насилни средства да се спречи слободата на изразување на две групи раѓани.

Едниот настан е насилно спреченото одржување трибина на „Граѓани за европска Македонија“ во Струга од страна на организирана група луѓе, додека другиот е насилно спречениот протест организиран од група студенти по архитектура- „Прва архибригада“ поради изградбата на церква на централниот скопски плоштад.  Во вториот настан, за првпат во историјата на самостојна Македонија, со реално физичко насилство беше спречен мирен протест од страна на друга организирана контрагрупа.

Црната книга, уредена од Роберто Беличанец, е своевиден избор на „бисери“ од македонскиот јавен дискурс, а авторите имајќи го ја во предвид тенката линија меѓу слободата на изразувањеи говорот на омраза како и тоа дека говорот на омраза мора секогаш да се разгледува во контекст како составен дел од истиотот каде последиците кои истиот ги предизвикува се неизбежни.

Прашањето за таканаречениот говор на омраза, односно за тоа кој говор треба или би требало да се забрани врз основа на тоа што поттикнува омраза кај другите е, всушност, предмет на многубројни расправи и полемизирања на глобално ниво иако стандардите за тоа во меѓународното право се, всушност, многу развиени. Меѓународното право не само што дозволува туку, всушност, тоа и бара државите да забранат одреден говор врз основа на тоа што го поткопува правото на другите за еднаквост или за слобода од дискриминација, а понекогаш и врз основа на тоа дека е потребно да се заштити јавниот ред.

„Промовирање суштинска еднаквост меѓу луѓето, како и слобода од дискриминација е основната идеја на човековите права и токму тоа е и првиот член од Универзалната декларација за човековите права (УДЧП) усвоена од Генералното собрание на ОН во 19481година, кој гласи: „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и во правата“. Вториот член од оваа декларација се залага за еднакво уживање на гарантираните права и слободи, „без разлика во поглед на расата, бојата на кожата, полот…“ и уште неколку други членови што се однесуваат конкретно на еднаквото уживање различни права“, посочува Црната книга.

Еден од заклучоците во Црната книга потенцира дека изјавите што се направени без намера да ги поттикнат другите на омраза не треба да се сметаат за говор на омраза. За поттикнување е потребно да постои блиска врска меѓу изјавата и ризикот од нанесување штета, на пример кога е тоа докажано со последицата или влијанието. Сепак, не само конкретни (и нелегални) дејства како што се дискриминација и насилство се сметаат за единствена признаена штета. Доволно е изјавите да ги поттикнат другите на омраза, дури и ако тие не преземат дејства предизвикани од тие изјави.

Наслов: Црна книга
Година на издавање: 2010
Издавач: Фондација Институт отворено општество – Македонија
Уредник: Роберто Беличанец
ISBN 978-608-218-075-5

Книгата можете да ја преземете

You may also like...