Twitter, Facebook, YouTube и Microsoft се согласија да и помогнат на ЕУ во борбата против говорот на омраза

Европската унија во вторникот постигна договор со некои од најголемите светски социјални медиуми, вклучувајќи ги и Facebook и Twitter, за начините како да се борат против ширењето на говорот на омраза на интернет.

Исто така во борбата против говорот на омраза се вклучуваат и YouTube и Microsoft, кои се залагаат за “брзо и ефикасно” справување со борбата против говорот на омраза насочен против некого заснована врз нетолеранција и дискриминација на раса, боја, религија, национално или етничко потекло.

Помеѓу мерките за кои се согласија со извршното тело на ЕУ, фирмите рекоа дека ќе воспостават интерни процедури и обуки на персоналот со кои би гарантирале дека поголемиот дел од нелегалните содржини ќе се оценува и, доколку е потребно, ќе се отстранат во рок од 24 часа.

Тие, исто така, се согласија да ги зајакнат своите партнерства со организациите од граѓанското општество, кои често пати ги обележуваат и таргетираат содржините кои промовираат, поттикнуваат насилство и омраза. Европската комисија и горенаведените фирми, исто така, се согласија да им дадат поддршка на организациите од граѓанското општество да може да спроведат “кампањи против омраза”.

“Интернетот е место за слободно изразување, а не за говор на омраза”, рече Вера Јоурова, комесарот за правда, потрошувачи и родовата еднаквост на ЕУ. Таа додаде дека кодексот на однесување, кој редовно ќе се разгледува во однос на нејзиниот опфат и влијание, ќе осигура дека јавното поттикнување на насилство од омраза “нема место на интернет.”

Извор: Los Angeles Times (31.05.2016); Twitter, Facebook, YouTube and Microsoft agree to help EU fight hate speech

You may also like...