Најава: Завршен настан од проектот „Справување со говорот на омраза во јавниот дискурс во Македонија“
Македонскиот институт за медиуми и тимот на „Безомразно.мк“, организираат завршен настан од проектот „Справување со говорот на омраза во јавниот дискурс во Македонија“, на 30 март 2015 година (понеделник), во клуб-ресторанот „МКЦ“, со почеток во 14 часот.
На настанот ќе бидат претставени реализираните активности, како и ТВ и Интернет содржините кои беа произведени за време на двегодишниот проект.