Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше тркалезни маси на тема слободата на изразување и говорот на омраза

На 10 и 11 март , Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Младинскиот образовен форум, заеднички беа домаќини на првите две тркалезни маси во Скопје и Кичево на тема: Слобода на изразување и говорот на омраза, за учениците од средните училишта, со цел да ја подигнат свеста за штетните ефекти на говорот на омразата кај оваа популација.

На настаните се споделија информации за слободата на изразување и говорот на омраза, различните форми и последиците од говорот на омраза, како и за активностите кои се преземаат од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и нејзините локални партнери во борбата против говорот на омраза.

Околу 50 учесници присуствуваа на тркалезните маси во Скопје и Кичево. Следните тркалезните маси ќе се одржат во периодот од 17-20 март во Велес, Тетово и Неготино. Настанот спаѓа под  проектот “Оспособување на младите да одговорат и справат со говорот на омраза”, поддржан од Француската амбасада во Скопје.

На тркалезните маси беше промовирана и првата мобилната апликација против говор на омраза „Не мрази“, изработена од страна на Фондацијата Метаморфозис, со поддршката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на Република Франција во Македонија, која претставува дел од напорите на Метаморфозис за ширење знаења и поттикнување активно граѓанско учество за решавање на горливите општествени проблеми, во рамките на широката иницијатива против говорот на омраза.

Апликацијата, која e прва апликација од тој вид за паметни мобилни телефони во светот, е  достапна за бесплатно преземање за корисниците на најпопуларните оперативни системи Андроид и иОС (iOS, односно корисниците на Ајфон и Ајпад) преку линкот nemrazi.mk/app.

You may also like...