Повик за обуки за медиуми: „Зајакнување на капацитетот за справување со говор на омраза“

Фондацијата Метаморфозис, упатува повик за пријавување учесници за обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали.  Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал  од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во рамки на проектот Сервис за проверка на факти од медиумите кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува со поддршка на УСАИД Македонија.

Првата обукa ќе се одржи на 17.05.2016 (вторник) во Скопје, ГЕМ клуб со почеток во 10:00 часот.

Обуките ќе бидат еднодневни, а целокупните трошоци за учеството ќе бидат покриени од страна на организаторот. За учесниците кои ќе доаѓаат од други места ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

(Нацрт-агенда е во прилог на оваа порака.)

Селекцијата на пријавените кандидати, претставници на веб-портали и други медиуми, ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот, или ќе бидат поканети на учество на наредни настани од сличен вид.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да го пополнат следниот онлајн-формулар најдоцна до 13 мај (петок) во 12 часот, по што ќе бидат контактирани од тимот на Метаморфозис за потврда на нивното учество. За сите дополнителни информации може да се обратите на соработничката Адријана Селмани, по е-пошта на:  adrijana@metamorphosis.org.mk или телефонски на бројот 02/3109-325.

 

Нацрт-агенда на обуките
„Зајакнување на капацитетот за справување со говор на омраза“

Цел: Зајакнување на капацитетите на уредниците и администраторите на веб-портали и др. медиуми за препознавање и справување со говор на омраза и говор што поттикнува насилство преку серија обуки кои ќе вклучуваат максимум 25 претставници по обука.

Учесниците може, но не мораат, да понесат лаптоп и смартфон кои ќе им бидат од помош за учество во вежбите.
agenda

You may also like...