Водич за ИКТ на Метаморфозис бр.10 – Говор на омраза на интернет

Десеттиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е наменет за сите оние коишто сакаат да стекнат основни знаења за спротивставување на говорот на омраза на интернет. Водичот е подготвен во рамките на континуираните активности од иницијативата против говорот на омраза на интернет започната од Метаморфозис, МОФ, Реактор и Центарот за нови медиуми во декември 2012 година, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија.

Веб-сајтот nemrazi.mk собира  и презентира информации и образовни содржини поврзани со борбата против говор на омраза. Како дел од иницијативата против говор на омраза на Интернет покрената од Метаморфозис, МОФ, Реактор и Центар за нови медиуми во 2012 г. страницата  нуди можности за приклучување на  младите на заедницата активисти од цела Македонија, а сите заинтересирани може да се придружат преку Фејсбук (fb.me/nemrazi) и Твитер (@nemrazi и #немрази, односно @mosurrej и #mosurrej).

Превземете го десеттиот водич тука (pdf.).

Овој водич е достапен и на албански јазик, за да ја превземете албанската верзија на овој водич Ве молиме клинкнете тука.

You may also like...