Повик за младински организации за семинар „Младинско учество во демократски живот“

amcosce

Активност 2.1 од проект “Поддршка на институции и структури за младински политики”  

20 – 22 ноември 2014, Битола

Почитувани младински лидери и раководители на младински организации,

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт ве покануваат да учествувате на семинарот на младинските организации „Учество на младите во демократскиот живот“ кој ќе се одржи во Битола, х. Епинал од 20-22 ноември 2014. Целта на семинарот е да се идентификуваат можностите за соработка помеѓу младинските организации и да се зацврсти дијалогот во сферата на младите. Околу 30 учесници – претставници на младински организации ќе учествуваат на семинарот. Заинтересирани сме за младински лидери кои би биле во можност да ја претставуваат вашата организација. Жените кандидати како и кандидатите од не мнозинските заедници се охрабруваат за пријавување. Ќе ни биде чест да ги поканиме претставниците на вашата организација на овој настан! Сите трошоци поврзани со транспортот, сместувањето, полн пансион и програмата се покриени од страна на ОБСЕ.

Ве замолуваме да ја пополните оваа пријава јасно и да ги одговорите сите прашања. Пополнувањето на пријавата не значи дека автоматски сте примени на семинарот. Резултатите од селекцијата ќе бидат доставени по завршување на повикот за апликации. Крајниот рок за пријавување е 10 ноември 2014. Ви благодариме!

Ве молиме испратете ја вашата апликација на следните  е – маил адреси :

zorica@ams.gov.mk   и jasmina.todorovska@osce.org

Име и презиме:

Адреса (улица, број и населено место):

Контакт телефон:

E-пошта (Email):

Организација која ја претставувате:

Веб страна на организацијата:

 

  1. Која е вашата улога и задачи во младинската организација што ја претставувате?
  2. Кои се 5те најголеми успеси на вашата организација во сферата на младите?
  3. Што би сакале да добиете лично и професионално со учество на овој семинар?
  4. Кои се според вас најголемите предизвици за младинскиот сектор на национално ниво?
  5. Што би сакале да се промени во младинскиот сектор како резултат на овој семинар?
  6. Други релевантни информации кои можат да ни помогнат при изборот на тебе за учесник на семинарот?

Извор: Агенција за млади и спорт (05.11.2014) Повик за младински организации за семинар „Младинско учество во демократски живот“

You may also like...