Одржана обука за говор на омраза за новинари
На 19.06.2013 година во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за говор на омраза за новинари. Обуката беше наменета за новинарите кои учествуваат во проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е имплементирана од страна на Метаморфозис.
На четиричасовната обука учество земаа 10 новинари, кои се запознаа со практиката на Европскиот суд за човекови права во конкретни случаи поврзани со говор на омраза, случаи од Македонија и светски познати случаи, а анализирани беа и голем број на законски и подзаконски акти поврзани со оваа тематика. Oбучувач на работилницата беше Жарко Трајановски, м-р по човекови права.
Користени материјали на обуката:
- Информативен документ – Говор на омраза
- Извадоци од документи на Советот за радиодифузија
- ЗНМ – случаи со говор на омраза
- Црна книга (стр. 4-10)
- Прирачник за етика во новинарството (стр. 35-36)
- Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми (стр. 74-79)
- Правна анализа на концептот на казненото дело на омраза и говорот на омраза (стр. 51-62)
Извор: vistinomer.mk, 04.07.2013.