Одржана обука за препознавање стереотипи и справување со дискриминација

На 30 откомври 2013 година во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за препознавање и справување со стереотипите и дискриминацијата. Таа беше наменета за новинарите кои учествуваат во проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е имплементирана од страна на Метаморфозис.

На четиричасовната обука учество зедоа 15 новинари, кои се запознаа со тоа како се создаваат и што значат стереотипите, но уште поважно без запознати со основите на дискриминацијата, нејзините видови, опасностите што произлегуваат од неа, како и начините за нејзина превенција во медиумите. Исто така се говореше и за позитивната дискриминација, односно за афирмативните акции што државите ги преземаат, давајќи им извесни предности на одредени групи, кои претрпеле дискриминаторски практики во минатото. Oбуката ја водеше проф. Мирјана Најчевска.

Користени материјали на обуката:

Mediumite-i-diskriminacijata

mediumiteidiskriminacijata

Извор: vistinomer.mk, 01.11.2013.

You may also like...