Stop hate speech- официјална песна на програмата Hate fighters

Излезе спотот Stop Hate Speech- официјалната песна на програмата Hate Fighters, а продуцирана преку проектот “The Message” на КОМ 018, во Ниш. Тренингот „Порака“ кој се одржуваше во Ниш во периодот од 19.05.2014 до 26.05.2014 собра на едно место млади од 8 држави кои имаа за цел преку уличната култура да придонесат во борбата против дискриминацијата, расизмот и говорот на омраза на Интернет.

Програмата Hate Fighters е креирана од организациите КОМ 018 од Ниш, Србија и СППМД (Совет за превентива против малолетничка деликвенција) од Кавадарци, Македонија, а поддржана од Европската младинска фондација и Советот на Европа.  Целиот проект се спроведува како дел од регионалните иницијативи против говор на омраза во Ниш и Кавадарци, а учесниците користеа 3 креативни методи: стрип, хип хоп/break dance и хип хоп музика.

You may also like...