Како да пријавите говор на омраза на Твитер?

Говорот на омраза е пристрасен, непријателски, злонамерен говор насочен кон еден човек или група луѓе поради некои карактеристики кои ги немаат или кои им се припишуваат дека ги имаат.

Говорот на омраза претставува дискриминирачко, заканувачко, антагонистичко однесување кое многу често се потпира на предрасуди кон луѓето поради нивниот пол, сексуална ориентација, раса, религија, етничка припадност, боја на кожата, националистичко потекло, некој вид на попреченост (ментална, интелектуална или физичка).

Доколку забележите некоја од овие форми на Твитер, можете да ги пријавите на следниов начин:

Со Пријавување на содржина или Блокирање на корисник

  1. Одете на твитот кој шири говор на омраза
  2. Кликнете на иконата ••• која се наоѓа под твитот
  3. Одберете од менито Блокирај или Пријави (Block or report)block report

 

  1. Одберете од наредното мени пријави твит и одберете ја опцијата Oвој корисник е навредлив2
  2. Откако ќе ја одберете опцијата Oвој корисник е навредлив во менито за пријавување ќе Ви се појават подопции за појаснување на пријавата односно да појасните по кој основ Oвој корисник е навредлив. Одберете ја опцијата Harassment – Вознемирување.3
  3. За да ја испратите Вашата пријава кликнете на копчето Next – Следно.
  4. Вие успешно го пријавивте корисникот кој шири говор на омраза.

 

За да пријавите мразачка страна на Твитер пријавете ја на следниот начин:

  1. Отворете ја страната која шири говор на омраза
  2. Кликнете на иконатаи потоа одберете од менито пријави или блокирај

 4

  1. Одберете ја опцијата Oвој корисник е навредлив во менито за пријавување ќе Ви се појават подопции за појаснување на пријавата односно да појасните по кој основ Oвој корисник е навредлив. Одберете ја опцијата Harassment – Вознемирување.5
  2. За да ја испратите Вашата пријава кликнете на копчето Next – Следно.
  3. Вие успешно ја пријавивте страната која шири говор на омраза.

 За да пријавите порака со содржина на говор на омраза испратена до Вас лично Ве молиме пријавете ја на следниот начин:

  1. Селектирајте ја пораката која сакате да ја пријавите.
  2. Кликнете на иконата  (доколку пријавувате од веб сајт), или кликнете и држете ја подолго пораката и селектирајте Пријави – Report (доколку пријавувате од мобилен телефон iOS/Android).
  3. Потоа одберете Обележи ја како навредлива –Mark as abusive.

 

Исто така можете да пријавите говор на омраза со пополнување на онлајн форма на твитер која можете да ја најдете тука.

Забелешка: Доколку на интернет се соочите со говор на омраза односно со говор кој е пристрасен, непријателски, злонамерен, насочен кон еден човек или група луѓе поради некои карактеристики кои ги имаат или кои им се припишуваат дека ги имаат, во Македонија можете да го пријавите на три начини:

Со пријавување на истиот во најблиската полициска станица

Со јавување на дежурниот телефон 192

Со испраќање мејл на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Пријавувањето можете да го направите и анонимно, а вашата пријава од надлежните служби понатаму ќе биде проследена до јавниот обвинител кој потоа го решава тоа по законски пат.

 

 

You may also like...