Вашето мислење е важно!
Во 2012 година, на почетокот на Националната кампања против говорот на омраза, Советот на Европа врши онлајн анкета за мислењето на младите во врска со говорот на омраза на интернет. Над 1000 млади луѓе од цела Европа и пошироко учествуваа.
Повеќе од 2 години во кампањата, ние би сакале да ја “повториме” анкетата и да вклучиме што поголем број на млади луѓе. Таа е едноставна, брза и особено, ќе биде корисна да се дефинира продолжението на кампањата на европско и национално ниво.
Анкетата е достапна на 28 јазици вклучувајќи ги и македонскиот и албанскиот јазик. Ве молиме изберете и одговорете на јазикот по ваш избор.
Споделете ја анкетата со вашите пријатели и контакти!
Анкетата ќе биде отворена до 31 март 2015 година.
Многу благодариме!
Извор: Меѓународно движење против говорот на омраза. Вашето мислење е важно!