„Турлитава“- настан посветен на жртвите на дела од омраза

На 22 јули  (недела) со почеток во 19 часот во Градскиот парк ќе се одржи настанот „Турлитава“, а ќе биде со цел да го одбележи денот посветен на жртвите на дела од омраза. Овој ден како акција на Советот на Европа е организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Идејата за организирање на ваков настан е надминувањето на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во Македонија, што е всушност и најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза.

 

„Цениме дека со организирање пикник на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија (македонска, албанска, турска, влашка, српска, бошњачка, ромска, егејска, еврејска, торбешка и други), во директна смисла ќе се посочи на различноста како можност за споделување. Тоа значи дека различните припадности (на етничка, национална, јазична, религиозна, сексуална и други групи) можат да бидат застапени и можат да опстојуваат заедно и еднакво значајно“, стои во најавата на настанот.

Настанот е организира и со поддршка на ,,Цивил‘‘, ,,МОФ‘‘ и ,,Амбрела‘‘.

You may also like...