Став на Безомразно за билбордот: „Стоп за српската асимилација на македонската нација”

bilbord

Деновиве во центарот на Скопје осамна билборд со натпис „Стоп за српската асимилација на македонската нација”, кој предизвика бројни реакции и дискусии на социјалните мрежи и во медиумите. Нарачател на билбордот е политичка партија од Македонија.

Тимот на „Безомразно“ смета дека ваквите пораки претставуваат говор на омраза, затоа што една цела етничка заедница се означува како предизвикувач на асимилација на друга етничка заедница.

Справувањето со сеприсутниот шунд и кич, кој се произведува не само во соседството и други земји, туку и кај нас, во никој случај не треба да се прави преку вакви постапки, користење на генерализации и потпалувачки јазик кој поттикнува омраза кон цели заедници.

Извор: Безомразно.мк (03.02.2015). Став на Безомразно за билбордот: „Стоп за српската асимилација на македонската нација”

You may also like...