Реакција од НВО на Балканските Египќани
Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот , човечките и малцинските права на заедницата на Балканските Египќани во Македонија, не се изненадени но се згрозени од лицемерието и не-толеранцијата што се приметува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од страна напоедини лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Р. Македонија, коишто можат да се слушнат и видатод содржината на наводните прислушкувани разговори и смс- пораки од т.н. 21-ва бомба за „Вистината за Македонија“, објавени од страна на СДСМ во Охрид на 16.04.2015 година.
Непочитување на етничкиот идентитет на припадниците за заедницата на Египќаните во Охрид и Македонија, претставува грубо кршење на Уставот на Република Македонија, како и на универзалните човекови права, и меѓународните стандради за заштита на националните малцинства. Со овие објавени материјали уште еднаш се потврдува политичката и општествената аномалија, предрасуда и стереотип во Македонија, дека припадниците на заедницата на Египќаните се граѓани од втор или трет ред, кои не треба да уживаат никакви граѓански права и треба да бидат само брутално инструментализирани на изборните денови.
Ги повикуваме Мартин Протуѓер, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ, да јавно им се извини на сите припадници на заедницата на Египќаните во Македонија, за непочитување на етничката посебност и идентитет, како и за обидот за поттикнување на расна и етничка нетрперливост кон припадниците на заедницата на Египќаните.
Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, културата, човечките и малцинските права за заедницата на Балканските Египќани во Македонија, ќе ја разгедат и можноста за барање на кривична и граѓанска одговорност од лицето Мартин Протуѓер. Исто така, релевантините меѓународни институции и механизми за заштита на човековите и малциските права ќе бидат информирани за овој случај.
Здружение на Балканските Египќани во Македонија
Асоцијација за интеграција на Египќаните „Птах“
Здружение за заштита на кулутрниот идентитет на Египќанит „Изида 41/21“