Одржана обука за справување со говор на омраза

На 07.10.2015, во Хотел Stone Bridge се одржа првата од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал  од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.

20151007103446

На оваа обука присуствуваа 23 претставници од медиумите од различни градови. На оваа обука беа опфатени следните теми:

  • Вовед на темата говор на омраза
  • Правни рамки поврзани со говорот на омраза
  • Напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во оваа област
  • Учество во заедницата насочена кон борба против говор на омраза
  • Идентификување говор на омраза според методологијата на Сервисот за проверка на факти од медиумите
  • Општествена одговорност на медиумите (порталите)
  • Развој на интерни механизми за саморегулација во рамки на еден медиум: Развој на политика за говор на омраза, регистрација, ограничувања за содржини генерирани од корисниците, коментари на социјални медиуми, механизам за предупредување и отстранување (notice and take down mechanism)

20151007104410

Во сесијата за дискусии, присутните претставници на медиуми се изјаснија дека обуките од оваа област ќе им помогнат во секојдневната работа, како и дека е многу корисна за сите други портали и медиуми да ја искоритат можноста да ја посетат оваа обука со цел да го надградат знаењето.

Наредните обуките ќе се одржат на следните датуми и локации:

  • 14 октомври (среда) во Струга, хотел Дрим
  • 20 октомври (вторник) во Струмица, хотел Сириус

Обуките ќе бидат еднодневни, а целокупните трошоци за учеството ќе бидат покриени од страна на организаторите. За учесниците кои ќе доаѓаат од други места ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

(Нацрт-агенда е во продолжение на оваа покана.)

Бројот на учесници е ограничен. Селекцијата на пријавените кандидати, претставници на веб-портали и други медиуми, ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот, или ќе бидат поканети на учество на наредни настани од сличен вид.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да го пополнат следниот онлајн-формулар најдоцна до 12 октомври во 12 часот, по што ќе бидат контактирани од тимот на Метаморфозис за потврда на нивното учество. За сите дополнителни информации може да се обратите на соработничката Адријана Селмани, по е-пошта на:  adrijana@metamorphosis.org.mk или телефонски на бројот 02/3109 325.

 

Нацрт-агенда на обуките
„Зајакнување на капацитетот за справување со говор на омраза“

Цел: Зајакнување на капацитетите на уредниците и администраторите на веб-портали и др. медиуми за препознавање и справување со говор на омраза и говор што поттикнува насилство преку серија од три регионални обуки кои ќе вклучуваат 20-25 претставници по регион.

Учесниците може, но не мораат, да понесат лаптоп и смартфон кои ќе им бидат од помош за учество во вежбите.

agenda

You may also like...