Реакција за Град Скопје

Почитувани,

11403260_10206968055424292_2049549168038596025_n-200x293Коалицијата СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ најостро го осудува тенденциозното ширење на говор на омраза, хомофобија и дискриминација од страна на организаторите на МОТО ФЕСТИВАЛ и Градот Скопје како официјален и главен покровител на настанот.

Жално е и застрашувачки што оваа тенденција се повторува веќе неколку години, и покрај недвосмислените укази и реакции од здруженијата на граѓани и релевантните институции. За потсетување, истата ситуација ја имавме и во 2010 и 2011 година. Во тие прилики, Коалицијата реагираше и до Народниот правобранител и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по што следуваше, од страна на Народниот правобранител, опомена до Градот Скопје. И покрај тоа што Градот им се извини на сите граѓани поради дискриминаторските пораки, и се обврза на идно спречување на дискриминација, оваа година можеме да заклучиме дека изјавата и намерите на градот биле неискрени и лицемерни. Постерот за најава на МОТО ФЕСТИВАЛ 2015 повторно го содржи хомофобичниот симбол, односно знак од двајца мажи во сексуална поза пречкртан со црвено, односно како индекс за забрана, ствен веднаш покрај забраната за присуство на сатанисти (симболички обележано со 666), животни, оружје, ножеви и запалливи материјали.

Јасно ни е дека организаторите на овој фестивал покажуваат целосно отсуство на основните цивилизациски придобивки и почитувањето на човековите права на сите, но, сметаме, дека е апсолутно недозволливо Градот Скопје, со пари кои ги собира од даноците на сите нас граѓаните да ја продолжува оваа хомофобична и дискриминаторска практика.

Затоа бараме:
– Градот Скопје веднаш да го повлече спонзорството на фестивалот
– Градот Скопје да им се извини на сите граѓани директно навредени и дискриминирани со ваквите содржини
– Градот Скопје да презеде афирмативни и директни активности со кои ќе ги покаже своите заложби за недискриминација и почит и толеранција кон ЛГБТИ граѓаните

Повикуваме и на јавен бојкот на МОТО ФЕСТИВАЛОТ.

Најавуваме и тужби и претставки против организаторите и Градот Скопје.

Скопје, 10.06.2015

Тимот на Коалицијата СЗПМЗ

Извор: Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ (10.06.2015); Реакција за Град Скопје

You may also like...