Промовиран прирачникот – ОБЕЛЕЖУВАЧИ: Борба против говорот на омраза на интернет преку едукација за човековите права
Овој прирачник е изработен со цел да го поддржи Движењето против говорот на омраза, кое всушност претставува младинска кампања на Советот на Европа против говорот на омраза на интернет.
Прирачникот ќе биде корисен за едукатори кои работат на надминување на овој проблем во рамките на формалниот образовен систем но и надвор од него.
Прирачникот е наменет за работа со млади на возраст од 13 до 18 години, но активностите може да се прилагодат и на други возрасни категории и други профили на ученици.
Преземете го прирачникот (.pdf)