Промовиран педагошкиот прирачник за работа со млади „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“
На 11.12.2014 г. во Скопје, Институтот за човекови права и мир од Каен и Фондацијата Метаморфозис го промовираа педагошкиот прирачник за работа со млади „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“, изработен како резултат на заедничката работа во оваа област во рамки на програмата за децентрализирана соработка меѓу Македонија и регионот Долна Нормандија. Промоцијата на прирачникот беше Во рамки на десеттата конференција „е-Општество.мк“, на која учествуваа над 200 претставници на владиниот, граѓанскиот, образовниот, како и приватниот сектор.
Овој прирачник претставува педагошка алатка наменета за оние кои работат со млади на возраст од 15 до 25 години. Избраниот пристап е пристапот преку човековите правa. Целта на прирачникот е во рамките на интересот што младите го пројавуваат за човековите права, да понуди алатки што ќе овозможат да се подигне свеста на корисниците на интернет дека она што го прават на интернет е поврзано со човековите права. Повеќе човекови права се засегнати кога се користи интернетот што треба да се познаваат за да може да се почитуваат и заштитуваат. Прирачникот е достапен на француски и македонски јазик, во дигитална и верзија на хартија:
- На македонски јазик: читање онлајн; симнување (PDF, 3,3 MB)
- На француски јазик: читање онлајн; симнување (PDF, 3,4 MB)
Прирачникот е осмислен како теоретско и практично средство за едукација на тема дигитален простор. Тој е поделен во два дела:
- студија за слободата на изразување и приватноста на дигиталниот простор. Оваа студија е посветена на човековите права кои се засегнати кога се користи интернетот. Таа има за цел да ги унапреди знаењата на чинителите кои работат со младите;
- збирка на образовни активности за дигиталниот простор. Последниве неколку години се зголеми бројот на активности за подигање на свеста за користењето на дигиталните технологии. Ние одлучивме да направиме збирка на некои од нив и да развиеме нови.
#esociety14 #2idhp Sarah s’exprime sur la dialectique entre Dt homme et Internet pour les jeunes dans l’éducation pic.twitter.com/UgGWCQpbWC
— Sebastien Botreau (@SBotreau) December 11, 2014
Сара Берние-Лероа од Институтот за човекови права и мир од Каен на промоцијата во Скопје. Фото: Себастиен Ботро преку Твитер.
Зошто се става акцентот врз младите? Иако сите возрасни категории се соочени со дигиталниот простор, сепак треба да се констатира дека младите се негови први корисници. За нив, дигиталниот простор претставува пар екселанс средство за комуникација.
Според последната студија на Европската асоцијација за интерактивно огласување (јули 2013 година), 89% од Европејците на возраст од 16 до 24 години го користат интернетот и поминуваат во просек 19 часа неделно на интернет. Во Франција, 88,7% од младите што користат интернет потврдуваат дека не би можеле, а да не го употребуваат секојдневно интернетот. Но иако тие сметаат дека се внимателни, реалноста често го докажува спротивното. Неретко се случува некое младо лице да не ги подеси критериумите за приватност
на својот профил на социјалните мрежи, да прифати како „пријател“ лице што не го познава, да објави навредлива содржина без да е свесно за тоа, итн…