Пријавете говор на омраза преку www.govornaomraza.mk
Како да пријавите говор на омраза на www.govornaomraza.mk?
На корисниците на платформата им се овозможува да препознаат говор на омраза преку примерите достапни на табот ПРЕПОЗНАЈ ГОВОР НА ОМРАЗА, како и преглед на веќе доставените пријави, категоризирани по посебни кривични дела. Крајна цел на оваа платформа е подигнување на свеста на граѓаните за феноменот говор на омраза во јавниот простор, што ќе им помогне да му се спротивстават, а со тоа и ќе го спречат неговото ширење во општеството.
Овaa платформа функционира врз основа на пријава на граѓаните за случаи на говор од омраза. Можете да пријавите на неколку начини:
- Преку интернет формуларот, преку кој може да испратите и фотографија или видео
- Преку е-пошта: helkom@mhc.org.mk
- Преку #govornaomraza на twitter
- Преку Android или iPhone апликација
По пријавувањето на еден од наведените начини, пријавата се разгледува од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Доколку сте ги внеле Вашите лични податоци, Хелсиншкиот комитет може да ве контактира во текот на разгледувањето и проверката на пријавата. По потврдата, Вашата пријава ќе биде прикажана на страницата (без прикажување на Вашите лични податоци).