Повик за учесници – Трета школа против говор на омраза на Центар за меѓукултурен дијалог
Центарот за меѓукултурен дијалог трета година по ред огранизира обука за младински работници, студенти, активисти кои се мотивирани да ги развијат своите вештини во справување со говорот на омраза.
Деталниот повик за учесници и апликацијата за пријавување можете да ги најдете на: http://bit.ly/1p5jPyy
Обуката се организира во три дела:
- Првиот дел се реализира во период од 10ти Септември до 5ти Октомври кој претставува онлајн запознавање на учесниците преку интерактивни активности и истражување на темата во своите локални средини (средини во кои живеат/дејствуваат)
- Вториот дел претставува обука која ќе се одржи од 8.10 – 12.10.2014. На обуката ќе се презентираат истажувањата на учесниците, ќе се одржат работници , предавања на различни теми и ќе се работи на планови за третата фаза.
- Третиот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката. По одржувњето на кратките активности ќе се организира еднодневна средба во Скопје за сумирање на сработеното и размислување за идни планови.
Пријавите треба да се поднесат најдоцна до 10 септември 2014 година. Обуката се организира со техничка подршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со финансиска подршка на Француската амбасада.
За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 078 350 176 или по -маил matej@cid.mk и/или milos@cid.mk .