Повик за аплицирање – Школа за човекови права за млади од 16 до 19 години

Отворен повик за учество на Школа за човекови права за млади

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија



Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ќе ја оддржи 35-тата Школа за човекови права за млади од 15-ти до 21-ви ноември, 2014 година. Оваа школа е поддржана од страна на Амбасадата на Федерална Република Германија во Скопје и има за цел да ја развие свесноста на младите за концептот на човековите права, недискриминација и толеранцијата на различностите.

За таа цел, сите заинтересирани млади на возраст од 16 до 19 години можат да ги поднесат своите апликации согласно долунаведените правила за аплицирање доставени најдоцна до 07.11.2014 година по е-пошта на: jasmina.golubovska@mhc.org.mk. На школата ќе бидат опфатени теми поврзани со основните познавања и механизми за заштита на човековите права и слободи согласно меѓународното и националното законодавство како и запознавање со концептите на недискриминација, толеранција и мултикултурализам.

Правила за аплицирање:

1. Мотивациско писмо на 1 страница: Зошто сакам да учествувам на Школата за човекови права?

2. Кратка биографија (CV)

3. Пополнета и скенирана апликација достапна на линкот TУКА.  

 Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат  и запознаат со нивните врсници од Македонија и да станат членови на младинската група на Хелсиншкиот комитет. Јазици на кои ќе се одвива школата се: македонски јазик со достапен превод на албански јазик.

 Само избраните кандидати/ки ќе бидат контактирани со понатамошни информации за одржување на школата.

Извор: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (27.10.2014). Повик за аплицирање – Школа за човекови права за млади од 16 до 19 години

You may also like...