Политика за приватност

Фондацијата Метаморфозис е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот на „Стоп за говорот на омраза на интернет“(nemrazi.mk, односно mosurrej.mk), како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика на приватност. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи прифаќање на оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате со условите во оваа Политика на приватност, Ве молиме не користете го веб-сајтот. Оваа Политика на приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани офлајн и на веб-сајтови до кои се поставени линкови на веб-сајтот.

Применетата политика за приватност на Фондацијата Метеморфозис се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија. Во електронска форма, пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб-сајтот на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (dzlp.mk).

Основни одредби

  • Сите лични податоци под контрола на Фондацијата Метаморфозис се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
  • Личните податоци под контрола на Метаморфозис се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.
  • Политика на Фондацијата Метаморфозис е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определен со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани.
  • Податоците кои се прибираат автоматски преку веб-сајтот nemrazi.mk се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.
  • Во случај на криминална истрага, Фондацијата Метаморфозис се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење колачиња (кукија)

Веб-сајтот nemrazi.mk користи колачиња или кукија (cookies) во следните случаи:

  • За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети. Во моментов на веб-сајтот nemrazi.mk нема активни анкети. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на анкетата.
  • За соодветно претставување на јазичната верзија на сајтот за корисници кои направиле избор во тек на претходна посета. Рок на траење на ваквите колачиња е 1 ден по направениот избор.
  • При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на тековната сесија.

Веб-сајтот nemrazi.mk го користи системот за управување со содржини Wordpress. Во случај персоналот на Метаморфозис да има сознанија дека негови екстерни компоненти (модули) поставуваат и дополнителни колачиња, нивното однесување ќе биде дополнително наведено во овој оддел на политиката за приватност.

Серверски логови

За секој од веб-сајтовите на Фондацијата Метаморфозис соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Според важечките прописи во РМ, правните лица кои обезбедуваат интернет-услуги се должни да ги чуваат податоците за сообраќајот (содржани во серверските логови) минимум 24 месеци по нивното создавање со цел да бидат на располагање на соодветните истражни органи, во постапка регулирана со закон.

Хостинг сервисот за веб-сајтот nemrazi.mk односно mosurrej.mk го обезбедува компанијата WebFaction  (Swarma Limited, 207 Regent Street, London W1B 3HH, United Kingdom)

Екстерни бројачи на посети

Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, веб-сајтот nemrazi.mk користи екстерен бројач на посети Гугл аналитикс, компанија лоцирана во САД која е под јурисдикција на тамошните закони. Комуникација со екстерниот бројач се остварува со вметнување на код обезбеден од нивна страна во страници на веб-сајтот на Метаморфозис. При вчитување на таква страница кодот се активира, со што на екстерниот бројач му обезбедува пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите.

  • Резултатите од бројачот Гугл аналитикс не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Гугл е достапна на веб-адресатаhttp://www.google.com/privacy.html.

Е-пошта и мејлинг-листи

Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон, фотографии итн.

Преписката со персоналот на Метаморфозис во било која форма станува дел документарниот материјал кој Фондацијата е обврзана, во зависност од карактерот на преписката, да го чува од 1 до 5 години, врз основа на член 12 од Упатството за начинот и техниките на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење (Сл. Весник на РМ бр. 60/97).

Запишувањето на мејлинг-листите на Метаморфозис е исклучиво на доброволна основа. Согласноста на членовите се обезбедува преку автоматско барање потврда за запишување во мејлинг-листата по внесувањето на нивната адреса за е-пошта во списокот преку веб-сајтот. Алтернативно, лицата заинтересирани за активностите и вестите од Метаморфозис може да се запишат преку потпишување формулари на хартија на настани организирани од Фондацијата.

Членовите на мејлинг-листите имаат можност во секое време да се откажат од членството преку соодветен автоматски механизам, преку кликнување на линк кој е наведен во секоја порака за е-пошта од листите, или преку контактирање на персоналот на Фондација Метаморфозис во било која форма.

Контакт

За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на Фондацијата Метаморфозис обратете се директно до канцеларијата преку било која од стандардните можности за контакт.

Фондација Метаморфозис
ул. „Апостол Гусларот“ бр. 40
1000 Скопје, Македонија

е-пошта: info [на] metamorphosis.org.mk
тел/факс: +389 (0)2 3109 325