Покана за првата изложба со наслов „ЛГБТ Права = Човекови права“
Здружението “ЛГБТ Јунајтед” Тетово, ве поканува на отварањето на првата изложба со наслов “ЛГБТ ПРАВА= ЧОВЕКОВИ ПРАВА” по повод одбележување на 10 Декември, Меѓународниот Ден на Човековите Права.
Преку фотографиите ќе може од близу да го видите активизмот на ЛГБТ Јунатед во Тетово изминатите две години, за да продолжиме со прикажување на Албaнскиот докумнтарен филм “Скандал” и за да завршиме со свечен коктел.
Ве очекуваме на ден 10 Декември 2014 во 17:00 часот во Центарот За Балканска Соработка Лоја (CBC LOJA) во Тетово.
Извор: Здружение “ЛГБТ Јунајтед” Тетово (30.11.2014). Покана за првата изложба со наслов „ЛГБТ Права = Човекови права“