Покана за настан „ЅИД НА СРАМОТ“

ХКНЕД

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права има задоволство да ве покани на иницијалниот настан за проект против говор на омраза, поддржан од страна на NED (National Endowment for Democracy). Настанот ќе се одржи на 13-ти октомври, 2015 година со почеток во 12:00 часот на Улица Македонија – кафе Барселона. На настанот ќе биде промовиран „Ѕид на срамот“, на кој ќе бидат изложени јавни ликови кои практикувале говор на омраза во јавноста, како и ширењето на говор на омраза по медиумите. Истовремено, ќе биде промовирана „Анализа на состојбите, заштитата и можностите за превенција на говор на омраза во Република Македонија“ подготвена од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Кратки излагања на настанот ќе имаат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, Кочо Андоновски, директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка и Елена Брмбеска, проектна координаторка во Хелсиншкиот комитет.

Со цел заедно да ги изложиме на Ѕидот на срамот оние кои шират говор на омраза и да го осудиме практикувањето на таков говор, Ве покануваме да ни се придружите на настанот.

Ве замолуваме да го потврдите вашето присуство на 02 3119 073 или на 075 871 881.

You may also like...