Поддршка за образование за човекови права за деца и млади
Секторот за млади на Советот на Европа ги повикува сите заинтересирани за учество во обуки кои ќе се одржат во 2015 година.
Рок за пријавување: 24 февруари 2015 година
Отворен за: Организации способни за споделување знаења за човекови права
Грант: 7.000 евра
Опис
Работата на Секторот за млади на Советот на Европа за образование за човекови права е директен придонес на основната мисија на организацијата за промоција и заштита на човековите права. Проектот – често нарекуван како Младинска програма за образование за човекови права – има за цел да ја консолидира и да ја поддржи улогата на невладините младински организации како актери во спроведувањето на Повелбата на Советот на Европа за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права.
Програмата на националните курсеви за обука во образованието за човекови права на Одделот за млади, продолжува и во 2015 година со цел да го поддржи развојот на образованието за човекови права преку младинска работа и неформално учење. Курсевите се организирани на иницијатива на национални организации или институции заинтересирани за воведување и развој на одредбите и квалитетот на образованието за човекови права.
Прочитајте повеќе тука.
Извор: Младиинфо (02.02.2015). Поддршка за образование за човекови права за деца и млади