Платформата против говор на омраза одржа отворен едукативен настан во Прилеп
На 13.06.2016 година, Платформата против говор на омраза одржа отворен едукативен настан за говор на омраза во Прилеп.
Претставници од различни организации на Платформата, одржаа кратки презентации на теми поврзани со говорот на омраза, слобода на изразување, дискриминација и дела од омраза.
Воедно, говорниците зборуваа за активностите и проектите на индивидуалните организации во борбата со говор на омраза.
На настанот беа поканети и учествуваа млади луѓе, кои внимателно ги следеа презентациите и се вклучија во дискусијата. Настанот беше проследен со краток коктел и неформална дискусија.