Петиција

Заложби против говорот на омраза на интернет

1. Ние ги негираме сите комуникации кои во себе не носат никакво значење, освен израз на омраза кон една група, особено во околностите во кои е многу веројатно комуникацијата да предизвика насилство. Тоа е наш обид да се спречи и да се намали омразата, првенствено кон групи на лица на база на расна и етничка припадност, национално потекло, пол, религија, сексуална ориентација, и слично. Оваа комуникација може да биде било која форма на изразување која се смета како навредлива за маргинализираните групи.

2. Ние, поддржувачите на овие стандарди, ги охрабруваме сите јавни актери и чинители да се воздржат од промовирање на говорот на омраза на интернет.

3. Ние ќе целиме кон воспоставување на контакт со глобалните иницијативи и ќе работиме кон понатамошно вмрежување.

4. Ние, поддржувачите на овие стандарди бараме сите институции кои се засегнати (јавно обвинителство, Судскиот совет на државата, Советот за радиодифузија на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Комисијата за заштита на од дискриминација) да ги извршуваат своите должности одговорно и неселективно. Ако постои било какво прифаќање на некаква форма на говор на омраза, тоа може само да наштети на благосостојбата на општеството.

5. Во борбата против говорот на омраза, ние ќе користиме широк спектар на активности и механизми со цел вклучување на што поголем број засегнати страни во оваа иницијатива, ние ќе едуцираме, за да се подигне свеста и да се мотивираат да дејствуваат интернет корисниците, со цел да се воочи, укаже и деконструира говорот на омраза.

6. Овие принципи не треба да се злоупотребат за да се спроведе непотребно регулирање на интернетот, слободата на говорот или да се промовира цензура.

7. Споделувањето на примерите на говор на омраза не помага во обесхрабрување на на неговото ширење затоа се обврзуваме при третманот на говорот на омраза во објавените содржини, јасно да се се нагласи неговата форма и импликации.

8. Ние ќе ги потенцираме во нашата комуникација со јавноста опасностите од говорот на омраза.

[emailpetition id=”1″]

 Потпишани

[signaturelist id=”1″]