Oдржана Националната конференција за промоција на активности против говор на омраза

На 30 мај се одржа Националната конференција за промовирање на активностите против говор на омраза. На настанот поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје беа претставени активностите против говор на омраза на сите национални институции и организации во Република Македонија.

Конференцијата со воведно излагање ја отвори Томе Шеќерџиев, претставник од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а потоа своите активности ги претставија Зорица Стаменковска (Национална кампања против говор на омраза во Р.М.), Неда Чаловска (Хелсиншки комитет), Билјана Петковска (Македонски институт за медиуми), Филип Стојановски (Метаморфозис), Марија Василевска (Активностите на СПУКМ), Марјан Забрчанец (Младински образовен форум) и Ружица Стојановска (Институт Охрид).

You may also like...