Напис како трансмитер на говор на омраза

FireShot-Screen-Capture-086-Пандов-Македонија-е-нападната-crop-resize

 

[Рецензија: Пандов: Македонија е нападната од домашни шпиуни и предавници]

 

Овој текст има проблем со лошо пренесена изјава на соговорникот кој отворено повикува на мобилизација, ликвидација и притоа употребува говор на омраза и непристоен вокабулар кој не е прифатлив за објавување во медиум. На тој начин се прекршени одредбите на домашните и на меѓународните кодекси на новинарите, кои за вакви пригоди предвидуваат посебна процедура со која на новинарот му се дава право на соговорникот или политичар да му ја ограничи слободата на говорот.

FireShot Screen Capture #086 - 'Пандов_ Македонија е нападната од домашни шпиуни и предавнициЛинк до оригиналниот напис: Пандов: Македонија е нападната од домашни шпиуни и предавници

Датум и време на објавување: 22.03.2015, 13:37

Датум на рецензирање: 23.03.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

НОВИНАРОТ НЕ Е МЕГАФОН

Земен е еден сегмент од трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, на која политичкиот аналитичар Александар Пандов од свој агол ја објаснува политичката ситуација во Македонија и причините за политичката криза. Притоа, вината за ваквата ситуација ја префрла на лидерот на опозицијата Зоран Заев, медиумите кои се против владините политики, Фондацијата „Отворено општество Македонија“, чиј званичен назив го избегнува и ја нарекува само „Сорос“.

Одкако ја утврдил вината и го изнел своето мислење, што е негово демокртаско право, нуди и решение што да се направи со лидерот на опозицијата и со тие што го поддржуваат. И тоа е неговото право и може слободно да го каже на трибината пред потесен круг слушатели. Меѓутоа, новинарот, кој не се потпишал, морал да обрне внимание и да процени дали во тој дел од неговиот говор има ширење на негативни стереотипи, ширење омраза, повик на мобилизација и на ликвидација на политичкиот противник што може кај граѓаните да предизвика вознемиреност. Морал на тоа да обрне внимание, а не го направил – се претворил во обичен мегафон.

„Овој пат цела македонска јавност ќе излезе на улица и ќе ги фатиме и како фекалии ќе ги фрлиме во Вардар, па овој пат Заев наместо пешки ќе може по воден пат да оди до Грција. Овие трибини кои ги одржуваме секаде се масовно посетени и тоа е доказ дека Македонецот ја препознава вистината, вели Пандов.“

 

НЕМА МЕСТО ЗА АМНЕСТИЈА

Новинарот овде не употребил говор на омраза и не повикал на мобилизација и на ликвидација на лидерот на опозицијата, туку е само во улога на трансмитер на таков говор, дистрибутер или мегафон, преку кој споменатиот аналитичар на овој начин ги соопштувата своите пораки.
Бидејќи пораките се вознемирувачки, новинарот кој ги пренел не може да се амнестира од одговорност.

Советот на Европа и Кодексот на новионарите на Меѓународно здружение на новинарите (IFJ) воспоставиле правила како новинарот треба да го пренесе директното обраќање на некој субјект – политичар, аналитичар, лидер на политичка партија, член на НВО, владата или премиерот кога тој употребува говор на омраза, напаѓачки квалификации, навреди и на тој начин може да предизвика негативна стереотипизација, вознемиреност кај граѓаните или да го загрози животот на политичкиот противник.

Во нашата практика новинарите најчесто експлицитно го пренесуваат говорот на омраза и при тоа сметаат дека се амнестирани од одговорност. Тие поради туѓи зборови навистина не можат да трпат некакви правни консеквенци, но имаат етичка одговорност. Затоа во европската практика ваквите настапи на разни трибини, јавни манифестации се „санкционираат“ на два начина.

Новинарот има право на одреден политички субјект да му ја ускрати слободата на говорот, така што тој дел од неговото излагање, во рамките на саморегулацијата, нема да го објави. Втората можност е тој дел од говорот, каде има елементи на говор на омраза, да го стави во некаков контекст и притоа ќе укаже дека во неговото излагање има недозволиво користење на говорот на омраза и повик на мобилизација, но во никој случај не треба експлицитно да го пренесе.

Извор: Сервис за проверка на факти од медиумите (25.03.2015). Напис како трансмитер на говор на омраза

You may also like...