Миленко „опет узвраќа“ – „Во Македонија 5-та колона се некои новинари“

По острите реакции за неговата последна колумна во која повика на јавен линч на неколку новинари кои не се по негова, а и по волја на власта, Миленко Неделковски повторно се јави со нов „проблесок и дострел“. Овојпат непожелните новинари за него се дел од т.н. 5-та колона, односно предавници, и државата, според него, треба да се брани на сите можни начини. Еве што Миленко напиша на својот фејсбук-профил:

„5-тата колона во секоја држава е различно изразена. 5-тата колона во секое време низ историјата различно се покажува.

5-тата колона има квалитет да се адаптира.
5-тата КОЛОНА ВО МАКЕДОНИЈА во овој момент од историјата на земјата е ПРЕТСТАВЕНА КАО БОЖЕМИТИ НОВИНАРИ, СО КАО БОЖЕМИТИ САЈТОВИ… И СИТЕ ОД РЕД ФИНАСИРАНИ СО ЦРНИ ПАРИ ОД СОРОС.
СЕКОЈА ДРЖАВА ИМА ПРАВО И ОДГОВОРНОСТ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ ОД 5-тата КОЛОНА ДА СЕ БРАНИ СО СИТЕ МОЖНИ СРЕДСТВА И НА СИТЕ МОЖНИ НАЧИНИ.

ПС
Ме интерсира, новинаров-водителов од МТВ, и тој ли пее за “слобода“? Отиде од Алсат во МТВ за да биде НЕСЛОБОДЕН?
Се самозароби ли таму? Ако нема слобода, што не ја напушти цицката на јавниот сектор и на народните пари?“
Sekulovska-Zvrlevski

Во петокот споменатите новинари, кои се на мета на Неделковски, неговиот текст во кој тој повикува на линч му го доставија на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Тие најавија дека ќе бараат заштита за нивниот физички интегритет, како и заштита на своите семејства, и од американскиот амбасадор Пол Волерс.  На овој потег се решиле имајќи предвид дека Миленко е миленик на актуелната власт и ја има нејзината поддршка. Редовни гости во неговата емисија на Канал 5 се премиерот Груевски, претседателот Иванов и сите министри од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Извор: libertas.mk , 05.05.2014

You may also like...