Матуранти од Ресен одржаа лекција за соживот
Сакате соживот и младина без омраза? Дојдете во Ресен. Матурантите од средното училиште „Цар Самоил“ вчера продефилираа низ улиците во градот и на цела Македонија ѝ одржаа лекција за тоа што значи меѓуетничка сплотеност.
Со бели маици и со мотото „Сите сме еднакви“ младите направија мирољубив матурантски марш. Љубопитните граѓани настанот го фотографираа и за кратко време убавата вест проструи на социјалните мрежи.
Од фотографиите се гледа како младите се прегрнати со знамиња на различни националности, а коментарите на социјалните мрежи се дека ова се најубавите фотографии на денот.
Извор: Bezomrazno.mk, 21.05.2014