Колку утринските програми се користат за афирмирање омраза и кривични дела?
Тема на денот во утринската програма на Канал 5 на 18.08.2014 г. беше „Колку е корисно да се користи кај нас грчката практика за оштетување на возила?“.
При тоа, водителот/уредникот и со начинот на кој е поставена темата со кое вршење насилни кривични дела се претставува како прашање на личен избор (а не дејание забрането со Кривичниот законик на Македонија за кое следуваат затворски казни), и со дозволувањето гледачи да се јавуваат со коментари полни со стереотипи и предрасуди, не ја испочитува својата етичка должност содржана во преамбулата на Кодексот на новинарите на Македонија:
Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.
…како и Членот 5:
Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).