Конкурс: „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза”
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и веб страницата „Безомразно“ распишуваaт конкурс за прием на апликации кои илустрираат позитивна порака против говорот на омраза, преку групни јавни перформанси / флеш-моб.
Конкурсот е отворен за сите формални и неформални граѓански организации и движења, активисти – поединци, како и за сите граѓани на Македонија на возраст до 30 години.
Како и до кога да аплицирате
Снимете видео клип, не подолг од 2 минути, во кој ќе ја образложите вашата идеја и порака која сакате да ја испратите со јавниот перформанс / флеш моб наменет за подигнување на јавната свест за говорот на омраза. Во видеото, освен објаснување на вашата инспирација, идеја и порака, вклучете и куса практична или визуелна демонстрација за тоа како би изгледал јавниот перформанс / флеш моб;
За да аплицирате на конкурсот, пополнете го едноставниот формулар за аплицирање. Претходно, закачете го вашиот видео клип на сервисот Youtube, а во соодветната графа во формуларот внесете го само линкот до вашиот видео – предлог;
Пополнетиот формулар испратете гo најдоцна до 15 ноември 2014 на contact@bezomrazno.mk , со наслов на мејлот:
Апликација за конкурсот „Со уметност и младински активизам против говорот на омраза“
Критериуми и услови за учество на конкурсот и избор на добитниците и реализација на перформансите
Право на учество на конкурсот имаат сите формални и неформални граѓански организации и движења, активисти – поединци, како и сите граѓани на Македонија на возраст до 30 години.
МИМ не ги ограничува идеите, бројот на апликации и учесници во реализацијата, или пак начинот на реализација на идејата.
Покрај оригиналноста на идејата, важни критериуми во изборот на добитниците е остварливоста на идејата, демонстрираниот капацитет, посветеноста и можностите на групата идејата да се реализира.
Што добиваат најдобрите три апликации на конкурсот
За поединците, неформалните групи или организациите, чии што идеи кои ќе бидат избрани како најдобри за реализација на јавен перформанс/ флеш-моб, МИМ и „Безомразно“ ќе доделат финансиски средства за реализација на замислената идеја. Ќе се доделат најмногу три грантови, во максимален износ од 100.000 денари;
Учесниците на конкурсот, чиишто идеи ќе бидат избрани како најдобри, се целосно одговорни за практично спроведување на идејата, координирање и обезбедување за учесниците и потребните средства за реализација на јавните перформанси.
За најдобрите три идеи за јавни перформанси/флеш моб, освен доделување на средства за нивна теренска реализација, МИМ и „Безомразно“ ќе обезбедат комплетно снимање и продукција, и поддршка за медиумска промоција;
Формуларот за пријавување може да го преземете тука.
За дополнителни информации:
Славчо Миленковски,
тел: 02 30 90 104
е-пошта: slavco@mim.org.mk