Како да пријавите говор на омраза во медиуми?
Ако забележите говор на омраза во некој новинарски производ (напис, радио/ТВ прилог) од било кој медиум, таквиот новинарски производ во вид на интернет линк можете да го доставите до Сервисот за проверка на факти во медиумите, проект кој го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ со поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
На веб сајтот на Сервисот има посебна страница која содржи специјализиран формулар токму за ваква намена. Написот за кој сметате дека содржи говор на омраза со ова вие ќе го доставите до искусен тим на новинари-рецензенти, кои ќе го разгледаат и ако се согласуваат со Вас еден од нив ќе го рецензира од професионална новинарска гледна точка, при што рецензијата во голем дел ќе се задржи токму врз моментите на говорот за омраза со оглед на фактот што нашата методологија оваа појава ја третира сериозно и сеопфатно. Сите новинари-рецензенти имаат посетувано обуки и тренинзи токму со цел да можат ефикасно да препознаваат говор на омраза и да можат да ги согледаат неговите карактеристики.
До написот за кој сметате дека содржи говор на омраза треба да доставите интернет линк за да можеме да го видиме и да го приложиме заедно со рецензијата. Доставувањето предлози за рецензирање е анонимно ако вие така сакате, што значи дека не мора доставите ни адреса на електронска пошта.
Онлајн формуларот за пријавување на говор на омраза можете да го најдете тука.