Како да пријавите говор на омраза на Youtube?
Во најширока смисла, говорот на омраза се употребува за сите форми на изразување што шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат омраза заснована на нетолеранција, врз која и да е дискриминаторска основа. Говорот на омраза е злоупотреба на слободата на изразување што се состои во повреда на правата на другите.
Говорот на омраза не опфаќа само говор или пишан текст, туку може да опфати најразлични облици на изразување: јавно користење симболи на омраза (на пример, кукаст крст или запален крст), постери, флаери, карикатури, графити, музика, видеа, видео-игри или содржини објавени преку традиционалните медиуми или на интернет.
Доколку забележите некоја од овие форми на Youtube, можете да ги пријавите на следниов начин:
1. На страната каде што се наоѓа видеото кое содржи говор на омраза, кликнете на менито •••Повеќе – •••More кое се наоѓа под видеото.
2. Потоа кликнете на опцијата Пријави – Report.
3. На следниот чекор одберете ја причината за пријавата. Во овој случај треба да изберете од менито Мразачка или Навредлива Содржина – Hateful or abusive content.
4. Откако ќе ја одберете опцијата Мразачка или Навредлива Содржина во наредното мени треба да образложите што точно има во видеото односно дали видеото:
- Промовира Омраза или насилство – Promotes hatred or violence
- Злоупотребува ранливи индивидуи – Abusing vulnerable individuals
- Содржи насилство – Bullying
5. Во наредниот чекор треба конкретно да наведете во која секунда или минута се употребува говорот на омраза во делот Time stamp selected:
Откако ќе ја пополните оваа форма кликнете на Прати-Submit за да го пријавите видеото кое содржи говор на омраза.
Вие успешно го пријавивте видеото кое шири говор на омраза.
Пријавувањето на видео снимката е анонимно – корисниците нема да знаат кој го пријавил видеото. Но, морате да бидете највени со ваша корисничка сметка за да може да ја користите алатката за пријавување.
Пријави коментар со говор на омраза
Линкот „Пријави како спам или злоупотреба“ и овозможува на заедницата да го контролира бројот на спам коментарите поставени на видеото кое го гледаaт. Доколку доволен број на корисници означат коментар како спам, истиот ќе биде сокриен под линкот „Означено како спам“. Кога ќе кликнете на линкот „Прикажи“, повторно можете да го прочитате сокриениот коментар.
Функцијата „Пријави како спам или злоупотреба“ користете ја многу внимателно затоа што злоупотребата на оваа функција се казнува со забрана кон пристапувањето на овој сајт. Поставувачот на видеото може да го отштиклира коментарот кој е пријавен како спам.
Доколку сте означиле коментар погрешно како спам, можете да се обратите до сопственикот на коментарот и да објасните дека не намерно сте го означиле како спам.
Пријави канал со говор на омраза
Можете да пријавите корисник, непристојна позадинска фотографија или аватар на профилот преку алатките за пријавување кои се наоѓаат на дното на секој канал.
Како да пријавите канал:
- Посетете ја страната на каналот која сакате да ја пријавите
- Кликните на „Основни податоци“
- Кликните на кочето со знаме за паѓачкото мени
- Изберете ја опцијата која најдобро одговара на проблемот