Како да пријавите говор на омраза на Фејсбук?
Според дефиницијата од Советот на Европа говорот на омраза ги опфаќа сите форми на изразување, што шират, поттикнуваат, промовираат, оправдуваат расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на омраза засновани врз нетрпеливост вклучувајќи и нетрпеливост изразена преку агресивен национализам и етноцентризам, дискриминација и непријателство кон малцинствата, емигрантите и лицата со емигранстко потекло.
Доколку забележите некоја од овие форми на Фејсбук, можете да ги пријавите на следниов начин:
Пријавување/ блокирање на корисник
Наједноставниот начин да блокирате корисник односно ваш пријател на Фејсбук е со одење на неговиот профил и кликнување на иконката Пријатели.
По кликнувањето на Пријави/ Блокирај, Фејсбук ви дава опција да специфицирате дали сакате повеќе да не го следите пријателот, да го прекинете пријателството, да го блокирате или да го пријавите.
Пријавување на страница
Без разлика дали на страницата која сакате да ја пријавите имате кликнато „ми се допаѓа“ или не, истата можете да ја пријавите со кликнување на иконката која се наоѓа до „Порака“ и потоа да изберете „Пријави страница“.
- Доколку страницата која сакате да ја пријавите ви се допаѓала предходно, кога ќе кликнете на „Пријави страница“ ќе можете да изберете меѓу две опции кои Фејсбук ги нема преведено на македонски.
Со избирањето на првата опција “I want to unlike this Page” ќе престанете да бидете фан на страницата односно ќе ја одследите, додека со избирање на втората опција “I want the Page taken down” му сигнализирате на Фејсбук дека ја пријавувате оваа страница заради некоја од наведенте причини.
2. Ако пријавувате страница која не сте ја следеле предходно ќе можете да изберете меѓу причините заради кои сакате да ја пријавите истата.
Пријавување на група
За да пријавите група која повикува на насилство, говор на омраза или пак сметате дека со својата содржината ги нарушува правилата на Фејсбук треба да отидете на иконката која се наоѓа најдесно и да изберете „Пријави ја групата“.
Потоа Фејсбук ќе ви понуди да изберете меѓу двете опции, односно „Ме вознемирува мене“ или „Вознемирува мој пријател.
Доколку групата директно не ве вознемирува вас или некој од вашите пријатели Фејсбук нуди опција каде можете да изберете дали ја пријавувате заради „Говор на омраза“, „Насилство или насилно однесување“, „Спам или измама“ или „Сексуално јасна содржина“.
Доколку препознаете и пријавите говор на омраза, Фејсбук ќе ви предложи да изберете за каков кон кого се однесува говорт на омраза, односно дали истиот е заради омраза која е: „Расна или етничка“, „Религиска група“, „Дали се основа на пол или ориентација“ или пак на „Лица со попреченост или болест“.
Пријавување фотографија/ видео
За да пријавите фотографија или видео откако ќе ја отворите фотографијата треба да кликнете на „Опции“ каде се наоѓа опцијата за пријавување.
Откако ќе кликнете „Пријави“, Фејсбук ќе ви понуди да изберете зошто ја пријавувате таа содржина.
Пријавување на настан
Ако воочите настан кој предизвикува омраза, омаловажува одредена група на луѓе или повикува на насилство истиот можете да го пријавите директно со одење на настанот и кликнување на опцијата „Пријави“ која се наоѓа веднаш под листата на оние кои имаат потврдено/одбиено присуство.
Откако ќе ја изберете опцијата „пријави“, Фејсбук ви овозможува да специфицирате дали настанот ве вознемирува вас или некој ваш пријател или пак ако предизвикува говор на омраза, насилство или насилно однесување, спам или измама или сексуално јасна содржина.
Доколку настанот го пријавувате за говор на омраза, Фејсбук ви овозможува и подетално да одберете за каков тип на говор на омраза станува збор.
Пријавување објава
Ако сакате да пријавите одредена објава или коментар треба да одите на стрелката десно од објавата и да ја изберете опцијата „Пријави/Означи како спам“ по што објавата/коментарот ќе бидат сокриени.
Потоа Фејсбук ќе ви понуди да ја пријавите вознемирувачката содржина или пак да кликнете „Откажи“ што ќе ви овозможи повторно да ги гледате објавата/коментарот.
Доколку сакате да ја пријавите вознемирувачката содржина и кликнете на „Пријави“ ќе можете да изберете една од понудените опции.
Пријавување коментар
За да пријавите коментар кој сметате дека е против правилата на Фејсбук треба да кликнете на знакчето Х кое се наоѓа десно од коментарот.
Потоа коментарот ќе биде скриен, а Фејсбук ќе ви понуди дали сакате да го пријавите корисникот кој го напишал, да го блокирате или пак повторно да можете да го гледате коментарот.
Доколку изберете да го пријавите коментарот, Фејсбук ќе ви понуди да изберете зошто го пријавувате истиот.