Како да поднесете кривична пријава до основното јавно обвинителство?
За кривичното дело говор на омраза, можете да поднесете кривична пријава во писмена форма до основното јавно обвинителство, кое треба да го истражи случајот и да одлучи дали ќе поведе кривична постапка против посочениот сторител. Според измените на Кривичниот законик и членот 394 казните можат да бидат од една до десет години затвор.
За да видите пример како се пополнува Кривична пријава Ве молиме погледнете го примерот во продолжение.
Бр. ______________
До: Основното јавно обвинителсто
Скопје – Република Македонија
Подносител: ____________,
Скопје, ул. „___________“ бр. _____
ЕМБГ ________________
Тужен: ________________
КРИВИЧНА ПРИЈАВА
против ________________, преку написот под наслов ________________ објавен во ________________ на ________________ година, шири национална омраза и поттикнува на насилство. Со тоа го сторил кривичното дело “Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ предвидено во член 319 од Кривичниот законик.
Од таа причина, подносителот поднесувајќи ја оваа кривична пријава, бара Јавното обвинителство да ја испита оваа кривична пријава, да ја констатира фактичката состојба и да поведе кривична постапка против ________________.
О б р а з л о ж е н и е
________________(име на тужениот), во посочениот напис, го сторил кривичното дело “Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ предвидено во член 319 од Кривичниот законик изнесувајќи главно неосновани тврдења по неколку линии:
Пример:
1) Линија на противомраза. – (во овој дел се наведува написот на говорот на омраза без никакви измени, додатоци итн.).
Во написот се вели: „…________________.“
Доказ бр. 1: ________________
Доказ бр. 2:________________
(Во овој дел се приложуваат факти како: линкови од напис, скриншот или испринтан доказ за стореното кривично дело, слика, снимка или друг доказ за кој ќе наведете дека го приложувате заедно со кривичната пријава кој ќе послужи како доказ за извршеното кривично дело).
Со оглед на тоа што ________________(тука се наведува името на тужениот), е несомнено автор на текстот, следствено негова е и кривичната одговорност за сторувањето на горе наведеното кривично дело.
Од горенаведените причини, Подносителот бара Јавното обивинителство да ја испита оваа кривична пријава, да ја констатира фактичката состојба и да поведе кривична постапка против ________________(име на тужениот).
________________ година
Подносител на Пријавата:
_________________________