Изработка на графити против говорот на омраза – настан во организација на “Лозари-Исток” и “Проект-ЕУ”

Графитите ги изработи кавадарчанецот Блаже Атанасков препознатлив како “Tanpa Nama”

Продолжува соработката помеѓу навивачката група „Лозари“ и здружението на граѓани „Проект Еу“ од Кавадарци. Саботната активност се состоеше од пешачење во природа и исцртување на графити. Оваа активност е дел од проектот “Стоп за говор на омраза на спортските натпревари” кој го реализира “Проект-ЕУ” од програмата на УСАИД.

Содржината на текстот од едниот графит е „Наша Култура, Лозари Исток“, а другиот графит е „АнтиФа“. Графитите кои можете да ги видите од фотографиите кои ви се достапни подолу во текстот. Маршутата која ја испешачија активистите беше во должина од 5 километри во еден правец. Точката на поаѓање беше од градскиот плоштад во Кавадарци, а завршната дестинација беше излетничкиот локалитет „Моклиште“. Па така во (саботата) во 07.00 часот наутро неколкумина подржувачи на активноста се упатија кон крајната цел.
По пристигнувањето на локалитетот „Моклиште“ веднаш се започна со подготовката на графитите. За нив задолжен беше Атанасков Блаже, познат под уметничкото име „Tanpa Nama“, дипломиран студент на Факултетот за ликовна уметност.

grafit-mokliste2
Оваа активност на навивачката група „Лозари“ и Здружението на граѓани „Проект Еу“ изобилуваше со целодневна дружба, дебата за состојбите во спортот, дебата за состојбата на младите како и играње фудбал. Во разговор со членовите на навивачката група се појавија поделени мислења, за приклучување на навивачката група кон „АнтиФа“ правецот во Ултрас културата во кој се одбива расистичка национална припадност како водечко мото и генератор во групата. „АнтиФа“ движењето е решение и еден вид на заштита од многубројните тешки казни кои се наметнуваат со примена на новиот закон на трибините во кој најостро и најригорозно ќе се изречуваат казни за вечните борци од трибините за подобар спорт, чија борба никогаш не престанува. Како пример за „АнтиФа“ движењето меѓу европските клубови каде владее „АнтиФа“ културата се спомнуваат клубовите: Олимпик Марсеј, Глазгов Ренџерс, Тенерифе, Ст. Паули и др.
Сите активности завршија во текот на попладневните часови, со целосно завршување на двата графити.

 

Извор: Проект- ЕУ

You may also like...