Избришан графит кој шири говор на омраза во дворот на ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

^C9EE58D3F31821B8278C2B1FAAB4AB085AA63B1733AA8BDDF7^pimgpsh_fullsize_distr^1D507F3D20490EE6775E17E63CAE99D23BBCAA6408154D2522^pimgpsh_fullsize_distr

Родител на дете што учи во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје реагирал кај надлежните во училиштето затоа што видел графит со говор на омраза на еден од влезовите во дворот, кај спортската сала.

По укажувањето на родителот дека не е во ред децата секојдневно да гледаат порака со говор на омраза, училиштето реагирало и по неколку дена пораката била избришана.

– Ми падна многу тешко кога видов дека и училишниот двор е загаден со обид да се шири говор на омраза. Особено затоа што токму тука децата учат да читаат – зар една од првите работи што ќе им бидат пред очи кога доаѓаат на училиште, е повик за убивање на нивните другарчиња – вели родителот.

 

Извор: Meta.mk – новинска агенција (16.12.2015). Избришан графит кој шири говор на омраза во дворот на ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“