Хуманитарна претстава „Апел за…“ против говор на омраза и дискриминација

Утре,29 март (сабота) со почеток во 15:00 часот во Драмски Театар – Скопје ќе се одржи хуманитарната претстава „Апел за…“ во организација на PTPI Skopje-Macedonia Community Chapter, во соработка со Агенција за млади и спорт и Драмски Театар. Претставата е креирана во рамки на инцијативите на Националната кампања против говор на омраза и е дел од активностите во Неделата за борба против расна дискриминација.

images-73Театарската претстава ќе биде изведена од средношколци и студенти кои преку оваа претстава ќе го кренат својот глас против дискриминацијата, насилството и говорот на омраза. Учесниците во претставата се поранешни и сегашни членови на ДКЦ „С’клет“ при Средното Училиште на Град Скопје „Георги Димитров“.

Билетите се во претпродажба на билетарницата на Драмски Театар, по цена од 100 денари. Собраните средства од продадените билети ќе бидат донирани за СОС Детското Село.

Извор: lokalno.mk

You may also like...