Хелсиншки: во 2013 година нарушени слободите и правата на граѓаните

Годинешниот извештај на Хелсиншкиот комитет за 2013 посочува на сериозни нарушувања на слободите и правата на граѓаните, како и на драстични повреди на принципите на принципот на владеење на правото и правата држава.

Во извештајот се забележува дека зголемениот број на претставки за политичка дискриминација е резултат на спроведувањето на локалните избори во април 2013 година и промената на локалната власт во неколку општини.

Системски проблем во функционирањето на органите и институциите, како и злоупотреба на нивните надлежности е оценката за изминатата година, а во судството е намален бројот на судски предмети иако се уште опстојуваат системските проблеми кои судството не може да ги надмине и кои се продлабочуваат.

„Од работата на Комтетот како набљудувач на судски постапки се констатирани повреда на пресумпцијата на невиност, праксата на изрекување на колективни, идентични и стереотипни решенија за притвор, непретставување на составот на судскиот совет, непочитување на решенијата на претседателот на Врховниот суд за снимање на главните расправи, исклучување на јавноста при распит на загрозен или заштитен сведок и надминување на роковите за изготвување на пресуди, повреда на правото на судење во разумен рок, но и надминување на роковите за објава и изготвување на пресуди“, стои во извештајот.

Целосниот извештај можете да го преземете тука.

You may also like...