Германските фудбалски навивачи истапуваат против расизмот, хомофобијата и нацизмот
Навивачките групи на германските фудбалски тимови често јавно се изјаснуваат нацизмот, расизмот и хомофобијата.
Навивачите на Борусија Дортмунд станаа светски познати благодарение напораките кои ги испраќаат на натпреварите на кои го бодрат својот омилен тим со огромни банери. Како што известува официјалниот веб-сајт на клубот, навивачите затоа и се добитници на Наградата Јулиус Хирш (Julius-Hirsch-Preis). Наградата ја доделува Фудбалскиот сојуз на Германија за постигнувања на полето на слобода, толеранција и човечност.
Borussia Dortmund football fans praised for anti-discrimination banners – @EurosportCom_EN https://t.co/oODdvjIsG1 pic.twitter.com/D7TbJRlJCn
— UN Refugee Agency (@Refugees) October 30, 2014
Borussia Dortmund fans today on match vs Hannover 96 with a banners against racism pic.twitter.com/dS8ldH5ezJ
— When Sunday Comes (@WSCsm) October 25, 2014
Respect! Borussia Dortmund fans display banners condemning racism and discrimination [Pics] http://t.co/HnBzKmXBvm pic.twitter.com/f07PJtWz0p
— 101 Great Goals (@101greatgoals) October 28, 2014
Слично постапуваат и навивачите на Вердер Бремен, како што е посочено во илустрацијава од написот „Говорот на омраза предизвикува насилство“.
„Некои се геј, кому му е грижа! Борете се против хомофобијата“ – слоган на навивачката група на Вердер Бремен на натпреварот во Бундеслигата со ФК Келн кој заврши 1:0 на домашниот Весер стадион. Фото: Bjørn Giesenbauer, 2010