- This event has passed.
Работилница: „Правни механизми и механизми на граѓанското општество за справување со говор на омраза“
12-12-2014 @ 10:00 - 15:00
Мисијата на ОБСЕ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шател“ организира работилница на тема „Правни механизми и механизми на граѓанското општество за справување со говор на омраза“. Целта на работилницата е да се истакне разликата помеѓу слободата на изразување, клеветата и навредата и говорот на омраза преку судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур но и да се истакнат механизмите кои се користат против говорот на омраза. Пред се ќе бидат истакнати правните механизми за борба против говор на омраза од Кривичниот законик и националната јуриспруденција на ова поле.
Со цел да се даде сеопфатен приказ на активностите на останатите национални институции како и на граѓанското општество свое излагање ќе имаат и претставници од Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенцијата за млади и спорт и фондацијата Метаморфозис. Претставникот на Метаморфозис ќе ја презентира платформата nemrazi.mk и мобилната апликација за борба против говор на омраза онлајн.