- This event has passed.
Мед и крв во 21 век: балканските искуства со говор на омраза и дела од омраза, и слободата на говор
20-12-2014 @ 18:00 - 20:00
Во сабота (20 декември), во 18.00 часот во просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе се одржи дискусијата „Мед и крв во 21 век: балканските искуства со говор на омраза и дела од омраза, и слободата на говор‘‘.
Користејќи ја приликата на официјална посета на Република Македонија, Јован Којичиќ ќе биде гостин и говорник на дискусијата. Јован Којичиќ е советник на Првиот министер на Црна Гора за човекови права и заштита од дискриминација. Влијанието на Којичиќ е исклучително, имајќи го предвид неговиот ангажман поврзан со работата во областа на човековите права на ЛГБТ луѓето и состојбите на Балканот воопшто.