„Експлозија на љубов“ на улица Македонија
„Сите сме исти. Ние сме луѓе, сакаме и бараме да бидеме сакани. Затоа, да шириме љубов, а не омраза“ порачаа учениците од скопската гимназија „Орце Николов“, кои на улица Македонија го одиграа перформансот „Експлозија на љубов“. Од овој настан – и нов безомразен хит. Погледнете ја и слушнете ја нивната порака…
Извор: Безомразно.мк (25.03.2015). „Експлозија на љубов“ на улица Македонија