Десетта јубилејна е-Општество: Човекови права на интернет
На 11 декември, оваа година, ќе се одржи меѓународната конференција е-Општество во организација на фондацијата Метаморфозис. Ова е десетта јубилејна конференција е-Општество, а овојпат ќе биде на тема: Човекови права на интернет – Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет.
Конференцијата ќе опфати теми како што се слобода на изразување и млади, говор на омраза на интернет, приватност, како и заклучоци и препораки за идни чекори.
Конференцијата се спроведува во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и претставува продолжување на долгогодишната соработка на Метаморфозис и регионот Долна Нормандија во областа на човековите права.
Доколку сакате да бидете дел од конференцијата, за повеќе информации погледнете ја веб-локацијата www.e-society.mk и пополнете го формуларот за регистрација.
Извор: Фондација Метаморфозис (19.11.2014). Десетта јубилејна е-Општество: Човекови права на интернет